Мистериозниот монолит се појави среде пустина во Јута, па исчезна, a сега е забележан во Романија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минатата недела светот беше зачуден од сцената од Јута, каде беше забележан необичен монолит среде пустина, кој потоа мистериозно исчезна.

Имено, властите во саботата посочија дека металниот монолит исчезнал, а Канцеларијата за управување со земјиштето во Јута соопшти дека добила „веродостојни извештаи“ дека монолитот бил отстранет во петокот вечерта, но дека не е познато кој го отстранил.

И сето тоа не би било толку чудно, ако некој не го забележи сега и во Романија.

Необична конструкција, висока околу 4 метри, е забележана на северо-истокот на земјата во близина на градот Пјатра Неамт, на блискиот рид Доамнеи.

Сместено е недалеку од познатата тврдина Петродава, најстарото историско место во Пјатра Неамт. Се верува дека ова утврдување на Даците е уништено од Римјаните.

И овој монолит потсетува на оној во Јута.

“Почнавме да ја истражуваме чудната структура на монолитот. Се наоѓа на приватно земјиште, така што не знаеме кој ја поседува таа скулптура. Исто така се наоѓа во заштитено и археолошко подрачје. Ако некој сака да стави нешто тука, треба прво да добие дозвола од надлежните институции“, изјавуваат Институтот за зачувување на културното наследство на тој романски град.”

И двата монолита имаат мистериозно потекло и намена.

Да потсетиме, официјалните лица на американската сојузна држава Јута објавија дека исчезна мистериозниот метален монолит што беше забележан минатата недела во оддалечен дел од пустината на југоистокот на таа држава во северозападна САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: