Мицевски: Денеска нема седница за одложување на пописот (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски попладнево потврди дека во текот на денешниот ден нема да се одржи седницата наменета за одложување на пописот.

„Цел ден имаме координации, сега на крајот од денот бевме информирани дека седница денеска нема услови да се одржи и дека е можно таа истата седница да се одржи во текот на утрешниот ден“, посочи Мицевски.