Мицкоски доживеал сообраќајна незгода – нема повредени, а причинета е мала штета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска доживеал сообраќајна незгода.

Имено, сообраќајната несреќа се случила во Прилеп на пат за настанот каде биле промовирани политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите, непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски, а причинета е помала материјална штета.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека претседателот Мицкоски се чувствува добро и веднаш после незгодата се обрати на настанот пред прилепчани.