Мицкоски: Можам да разберам зошто Заев повеќе сака средби со Бојко од лидерска средба дома, тој има ветувања и концесии, јас немам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со реакција по повод изјавата на Зоран Заев во вчерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, каде кажа дека нема потреба од лидерска средба и да се среќава со Мицкоски, бидејќи така ќе се скара со Бугарија.

„Зоран Заев повеќе сакал да се види со премиерот на Владата на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус со заштитени национални и државни интереси, а потоа да настапиме со аргументи во разговорите за клучните прашања со соседна Бугарија.

Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија. Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се сложам на асимилација на македонскиот народ.

Зоран Заев не сака лидерска средба затоа што пред Владата изнесов јасен и прецизен став за неменување на Уставот, за посебноста на јазикот, идентитетот и правата на македонското малцинство. Заев не го слушнавме тоа да го направи. И конечно, проектот СДСМ и Зоран Заев заврши!“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.