Владата и Државниот пазарен инспекторат денеска изјавија дека се сомневаат оти попустот од два денари за литар бензин и три денари за литар дизел што го нуди ОКТА, се злоупотребува.
Според премиерот Христијан Мицкоски, постојат индиции дека најмалку една компанија со лиценца за трговија на големо со овие деривати го користи овој попуст за реекспорт надвор од земјата.
Според Државниот пазарен инспекторат, со неколку тимови, до петок ќе бидат извршени контроли кај сите 10 компании со лиценца за трговија на големо со бензин и дизел.
