Дали ќе поскапи струјата? Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека не очекува големи промени, и дека за не одлучува Регулаторот.
Мицкоски кажа дека и натаму Владата ќе ја субвенционира цената на струјата, за да се спречи ценовен шок за граѓаните.
„Приходите на ЕСМ се од неколку основи, најголем приход доаѓа од електричната енергија тоа е од ЕВН Хоум, дел со многу повисока цена ги покриваат загубите, и дел од приходите кои ги добиваат од повластени тарифи. За да немаат граѓаните ценовен шок, продолжуваме да субвенционираме. Цената ќе биде 65 евра, кога ќе се заокружи се. Потребно е да се зголеми производство на домашен јаглен, а во електраните се акумилираше доволно вода во електраните. Очекуваме овој тренд да продолжи и понатаму, и во 2027 година да се нетираат расходната и цената која ќе ја продаваат на пазарот. Ќе продолжиме со субионцинирање за граѓаните да не добијат ценовен шок. Ако оставиме на слободниот пазар, како што беше тоа случај со минатата власт, од 1 јануари денеска да плаќаат и до 50% поскапа струја. Тоа нема се случи. Ќе видиме регулаторот кон крајот на оваа година што ќе донесе, иако не очекувам некои поголеми отстапувања од ова што е во моментов“, изјави Мицкоски.
