Скопската полиција уапси двајца 22-годишни мажи од селото Сарај, осомничени дека на 12 мај 2026 година украле велосипед пред теретана во главниот град, јавува ТВ21. Според властите, по пријавувањето на случајот, полицијата брзо ги идентификувала и привела осомничените, додека велосипедот бил пронајден и вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот, се очекува против нив да бидат поднесени кривични пријави.
„На 13.05.2026 година, полициски службеници од Полициската станица во Скопјe ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од село Сарај, Скопјe, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 година дека му е одземен велосипед пред теретана во Скопјe. Веднаш по приемот на пријавата, од страна на полициски службеници беа преземени соодветни мерки и активности, сторителите беа идентификувани и приведени во полициската станица, додека велосипедот беше вратен на сопственикот. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.
