Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за ТВ21 истакна дека од февруари компаниите ќе можат да ги користат средствата од унгарскиот кредит.
Како што вели, има некои измени односно проширен е рангот на корисници.
„На следна седница во вторник ќе помине договорот, и веќе ќе може македонската банка за обнова и развој да ги потпишува договорите со комерцијалните банки и веќе од февруари веќе компаниите ќе можат да ги користат“, вели Мицкоски.
