„Ние сме зрела политичка партија која се грижи за интересот на граѓаните. Сме биле и сме против Договорот од Преспа, но гласавме за ратификацијата за протоколот за НАТО бидејќи сме свесни за реалноста“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето на ТВ21 зошто се против новото име и Договорот од Преспа, а сите пратеници на оваа партија гласаа за Ратификација на протоколот под името Република Северна Македонија.
Мицкоски додава дека кога ќе дојдат на власт, ќе се обидат да ги исправат грешките и како што вели капитулацијата на претходниот премиер, мислејќи и на Договорот од Преспа.
