Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција истакна дека е подготвен да оди во Влада и да претстави нови мерки за излез од кризата.
„Јасно е дека на Владата и треба помош, исто како и на државата. Подавам рака за да помогнам и убеден сум дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме се излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во Влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата. Да споредиме и да се извлечеме од оваа криза“, посочи Мицкоски.
