Мицкоски: Разочаран сум од Комисијата за заразни болести, се водат по диктат на Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција истакна разочараност од Комисијата за заразни болести и нивните одлуки. Тој рече дека се водат по диктат на Заев.

„Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација.

Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен.“, рече Мицкоски.