Мицкоски: Се подготвува ли ново предавство од Заев, Бучковски, Османи и Димитров во Бугарија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на „Фејсбук“ по повод утрешната посета на Бугарија од страна на Зоран Заев, Владо Бучковски, Бујар Османи и Никола Димитров. Тој вели дека се подготвува ново предавство.

„Овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во Бугарската декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.

Овој квартет предводен од Зоран Заев ќе го прифати сето ова, што подоцна треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија. Загрозени се националните и државни интереси, Заев им дава поклон кој многу скапо ќе ја чини нашата држава.Апелирам на внимателност на македонскиот народ, свесно и будно да не дозволиме ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров“, напиша Мицкоски.