Мицкоски се сретна со Вучиќ: Иницијативата „мини шенген“ не смее да се гледа како алтернатива за ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Белград остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. На средбата било разговарано за многу теми.

„Денес во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски и пратеникот и лидер на ДПСМ г. Иван Стоилковиќ остваривме средба со Претседателот на Република Србија и лидер на СНС г. Александар Вучиќ.На средбата се разговараше за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

Посочив дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите, посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси.Истакнавме подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген” која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.“, напиша Мицкоски на својот „Фејсбук“.