Идниот премиер Христијан Мицкоски го достави до Собрание предлог законот со кој, според него, ќе се спречи драстично зголемување на цената на струјата за домаќинствата.
Министерот за економија, Крешник Бектеши зборувајќи за цената на струјата, рече дека не верува дека ќе има поскапување од 1 јули.
Според него, цената на струјата од 1 јануари може да се намали доколку владата добро ги спроведе нејзините планови во секторот на енергетиката кои, како што рече, веќе започнале.
Инаку Мицкоски соопшти дека врз основа на овој предложен закон со кој што се дополнува законот за електрична енергија, важноста на лиценцата, додавајќи дека наместо маржа од 11.5% која до сега ја плаќаа граѓаните, ќе плаќаат разлика од 9.9%.
