Мицкоски за царините од САД: Изгледа направиле грешка, ќе се обидеме да корегираме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција во однос на царините од 33% за Македонија од страна на САД, истакна дека најверојатно направена е грешка.

„Работиме со нашите партенери, очекувам да се корегира ова кое е резултат на некаква грешка. Нашата трговска размена со нашите трогвски партнери е во негатива, а тие што се во дефицит, немаат вакво зголемување на давачките од страна на САД. И сме во контакт со кабинетот на Трамп, и со американската амбасада, во следниот период да биде корегирано“, порача Мицкоски.