Ова е противпожарното возило од 1,7 милиони евра кое го набави Град Скопје, а стана мошне популарно по меѓусебните допишувања на фејсбук на градоначалникот Шилегов и лидерот на ВМРО-Дпмне Мицковски.Мицковски обвинува за високата цена, т.е дека во Загреб таквата опрема е набавена за двојно пониска цена од 800 000 евра. На тендерот се пријавила една фирма од Будимпешта.„Шилегов е фатен со рацете во медот “ обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Петре Шилегов со народни пари платил 1,7 милиони евра за скала за противпожарно возило на фирма од Будимпешта. Во оваа зделка е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје“, истакна Владимир Нелоски.
Шилегов објаснува дека загребската скала е без ДДВ, така што скопската би била 1, 4 милиони евра.Ова е списокот на дополнителната опрема која што ја има скопското, а ја нема загребското возило.

За обвинувањето за блиски луѓе вклучени во набавката Шилегов објаснува:
„Јас сум еден од ретките кои денеска на своја иницијатива го однесов предмет во антикоруупциска. Ниту има нешто спорно , ниту таму има нешто сомнително, барам антикорупциска да го отвори предметот, на мое инсистирање не на опозицјата“, посочи Петре Шилегов.
Со оваа скала ќе се овозможи кога би имало во иднина пожар во објev кт над 5 ката, да може да реагира и да го изгасне противпожарната бригада.
„Хероите на градот не треба да се обојуваат, не треба да се партизираат . Ние не гледаме дали станува збор за пожар на една политичка партја или друга, туку секоја година гасиме преку 1600 поќари. Не гледаме дали поќарот е од етнички или политички карактер“, вели Владимир Симоновски.
Додека тие се препукуваат на социјалните мрежи, дека едните воопшто не се сетиле да набават, а другите се обучуваат за работа со новата опрема, викендов избувна пожар во Галичник кој одвај беше локализиран , а се гасеше и на овој начин.
