Мизрахи: Ќе платам казна од 5.000 евра, но таблата не ја менувам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, денеска одржа прес-конференција на тема „Криминалите на Мила Царовска“.

Прашана за таблата, Мизрахи истакна дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.

„Ќе платам казна од 5.000 евра, но таблата со Република Македонија не ја менувам. Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија“, рече Мизрахи.