Дел од студентите од Младинскиот форум на Демократското движење денеска пред Министерството за образование донесоа половина хамбургер во знак на протест дека толку можат да купат со 140 денари кои Министерството за образование им ги нуди на студентите за дневен оброк. Студентите се жалат дека тие пари не можат да ги трошат каде сакаат, а додаваат и дека доколку не ги трошат во рок од еден ден, тие веќе не важат. Студентите бараат да се зголеми дневната субвенција од 140 на 300 денари дневно.
„Со одлука на Министерството за образование, оваа учебна година, малкуте студенти кои имаат корист од оваа субвенција се принудени средствата да ги трошат по диктат, од понеделник до сабота, и тоа по 140 денари дневно, на одредени места за исхрана и без право на подигање готовина. Бараме висината на субвенцијата да се зголеми на 300 денари, без ограничувања како да се трошат тие или шест илјади денари месечно, колку што добиваат министрите за еден работен ден“, вели Арбнор Малиќи.
