Се вели дека ништо не ја заменува книгата, но интересот на македонските граѓани за читање, особено кај младите, е многу мал. Главниот виновник за ова е технологијата.
Во градот Кичево библиотеката има многу литература и романи, вели директорката на Домот на културата Албулена Демири Зендели, но вели и дека читањето кај младите се намалува.
-Читањето книги згаснува, особено кај младите поради употребата на технологијата, а често користат и онлајн читање. Читањето книги овде во нашата библиотека е поинтересно за основците и средношколците поради литературата што им ја даваат наставниците и ја земаат таа литература што ја сметаат за неопходна-вели Демири Зендели.
И професорот Адем Џеладини го има истото мислење. Вели дека технологијата го намалува интересот за читање.
-Се чита, но за жал со примената на технологијата, книгата како физичко битие изгуби малку од себе, сега луѓето се повеќе се ориентирани кон технологијата и на порталите кои им презентираат се, но ништо не ја заменува книгата, би рекол бидејќи чувството е различно-рече Џеладини.
Писателката Мирије Врангала смета дека луѓето читаат во Кичево, без разлика дали се чита на интернет или со прелистување на книгата.
-Во Кичево има и луѓе кои пишуваат многу како постари автори, така и помлади, но има и читатели, иако некои не велат дека читаат, но верувам дека во секој дом во Кичево има книги на полиците и помалку или повеќе, тие се читатели-изјави Врангала.
Што се однесува до цените на книгите, тие се движат од 200 денари па нагоре.
