Младите заминуваат за подобар живот, во Кичево секој месец по 400 млади бараат виза за Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Младите продолжуваат да ја напуштат Македонија во потрага по подобар живот во европските земји. Секој месец само во Кичево по 400 млади преку разните канцеларии аплицираат за работна виза во германската амбасада.

Ваквата ситуација ги загрижува постарите и родителите кои остануваат сами во нивните домови. За ваквата состојба ја обвинуваат владата.

Да се отворат работи места а не да направи улиците, улиците се направени колку што треба, потребно е и улиците да се направат но да не манипулираат со народот.

Од СВР Охрид велат дека во периодот од 2022 година се до денес, 31 лица доставиле барање за откажување од македонското државјанство.

„Ве известуваме дека за тој временски период во регионалната канцеларија во Кичево, барање за откажување од државјанството на РСМ доставиле 31 граѓани поради разни причини.“, велат од СВР Охрид.

Статистиките на Државниот завод за статистика покажуваат дека во однос на временскиот период помеѓу двата пописи, овие две општини имаат помалку од над 50.000 жители. Најголемо намалување на населението има во Гостивар 21.272 жители и Кичево 17.065.