Многу политички партии во албанскиот блок – граѓаните сакаат само две, една на власт и една во опозиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако ме прашувате, работата е за никаде, ништо не прават.

Вака одговори еден од граѓаните за тоа колку е задоволен од политичките партии. Во последно време многу се зголеми бројот во албанскиот блок. Анкетираните велат дека доволни се две партии, една на власт и една во опозиција.

Состојбата е многу лоша, три партии не се потребни тука. Треба само две партии а’не како што направија 7 партии или повеќе, но немаат што да прават, секој си мисли за својата фотелја.

Ова е игра на политичарите, воопшто не не чуди ова. Не, промени нема се додека тие луѓе се бираат во партиите нема да има промени.

Не се занимавам со политика, задоволни сме со борбата што ја прават.

Што да коментирам, кој да ги разбере, еднаш вака еднаш онака, еден вели едно друг друго, не знаеш кому да веруваш.

Во албанскиот политички кампус се ДУИ, АА, Алтернатива, Беса, ДПА, Движење Беса, ЕДП и Граѓанско европско движење. На следните избори се очекува да има два блока, Европскиот фронт и опозицискиот блок.