МНР на Бугарија ja обвинува Македонија за нов скандал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи на Бугарија, на барање на министерката Екатерина Захариева, ќе го повика привремениот амбасадор на Северна Македонија во Софија, да даде објаснувања дали Владата на нашата земја е поврзана со кампањата спроведена преку „Меѓународниот институт на блискоистични и балкански студии“.

„Министерството за надворешни работи на Бугарија ја изразува својата загриженост за пишувањата дека поранешни и сегашни советници на премиерот на Република Северна Македонија учествуваат во управувањето со институтот. На веб-страницата на владата на Северна Македонија, се наведува дека словенечката организација има договор со извршната власт од Скопје од 2017 до 2020 година, за што добивала 1000 евра месечно“, се вели во соопштението, во кое се наведува дека објавите на институтот за Бугарија се загрижувачки со јасна цел да го диксредитира и поткопува престижот на Бугарија, преку лажни, искривени и манипулативни информации.

„Во исто време сме загрижени за постојатните дискриминиторски активности на властите на Република Северна Македонија откако денеска на границата беше сопрен бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој се обиде да донесе бугарски книги „Бугарски народни песни на браќата Миладинови“ во Република Северна Македонија, до културниот информативен центар во Скопје“, се вели во соопштението.

Министерката Екатерина Захариева веднаш испратила конзул од бугарската амбасада во Скопје на ГП Деве Баир за да му помогне на Стојанов, кому не му било дозволено влез во Северна Македонија со 920 книги, соопштија од министерството.