МНР: Сите граѓани кои беа пријавени за евакуација веќе го имаат напуштено Кабул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи информира дека сите граѓани кои биле пријавени за евакуација веќе го имаат напуштено Кабул и во моментов се наоѓаат на неколку локации:

„Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје; последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка.

Во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база.

Со тоа, сите граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани и во моментов немаме информација за наш државјанин кој е во загрозувачка ситуација или кому му е потребна асистенција за евакуација“, велат од Министерството.