Министерката за образование Мила Царовска демострираше како треба да ги користат учениците новите мобилни станици за дезинфекција на раце кои се вкупно 52, распоредени во 15 училишта, меѓу кои и едно од најстарите кое постои 98 години „ СВ. Климент Охридски “ во Драчево. Ова е донација од Уницеф. Министерката вели дека училиштата се подготвени за настава со физичко присуство според одлуката на Комисијата за заразни болести и Владата. Но , имаат три сценарија, подготвени уште во јуни доколку се влошува ситуацијата со Ковид 19.
„Во трите сценарија стои дека едно најпосакувано како што препорачуваат и од УНИЦЕФ и од сите други развиени земји е дека физичкото присуство е најпосакувано и се спремаме за истото. Второто сценарио е хибриден модел, едната недела едни ученици во училница, другите он-лајн и втората обратно, се со цел да се одржи континуитет на групите, да се задржи менталното здравје, можноста за социјализација која зафаќа сегмент од процесот на образование. И третиот модел е одредени ученици да бидат постојано со физичко присуство во повеќе групи, а одредена група да биде во континуитет он-лајн“, истакна Мила Царовска.
Дигиталните учебници се подготвени за четвртоодделенците, но има и печатени. За првпат направиле истражување според кое 1 200 ученици немаат електрична струја во своите домови и за нив ќе има печатени учебници.
„Дигиталниот учебник е само една алтака во образовниот систем кој помага и треба да даде додадена вредност. Учебникот не е основен извор на информирање, ниту основна алатка за работа на наставникот. Со години наместо да предаваме програма наместо да се грижиме да постигнеме резултати, ние предаваме учебник“, вели Мила Царовска.
Време е вели Царовска учениците да престанат да репродуцираат учебници туку да проверуваат информаци од повеќе извори, да истражуваат, да донесуваат одлуки. Тука го гледа излезот на нашата држава, бидејќи тоа го бара современиот свет. Време е вели таа учениците да учат за непотизам, антикорупција, медиумска писменост, бидејќи таму се создаав базата на продуктивни граѓани кои ќе ја движат државата напред.
