„Мој народе, благодарам на трпението“ – Рама се заблагодари на европските челници за поддршката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Еди Рама, во пресрет на почетокот на Првата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, денеска му се заблагодари на албанскиот народ за трпението на долгиот пат кон европската интеграција и на оние кои, како што рече, и помогнале на земјата на нејзиниот пат до Унијата.

За време на своето обраќање на заедничката конференција во Брисел, тој изрази благодарност до сите земји кои го поддржаа европскиот пат на Албанија, а особено ја истакна важноста на поранешната германска канцеларка Ангела Мекел, на која и честиташе бидејќи денес го слави роденденот.

„Најпрво сакам да и се заблагодарам на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која знаеше да се бори за нас и за сите земји-членки. Сакам да се заблагодарам на уште една Германка без која не би стигнале до тука, Ангела Меркел, на која и го честитам роденденот“, посочи Рама.