Молдавија: Руски дронови влегоа на нашата територија и експлодираа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руски беспилотни летала го нарушиле воздушниот простор на Молдавија и две експлодирале на нејзина територија, објави претседателката на земјата Маја Санду, а романските власти пријавиле и два дрона. Беспилотните летала „Шахед“ го нарушија нашиот воздушен простор. Два експлодираа на наша територија, загрозувајќи ги животите на граѓаните на Молдавија“, напиша Санду на платформата „Икс“.

Министерството за одбрана на соседната земја-членка на НАТО Романија соопшти дека два дрона го нарушиле и нејзиниот воздушен простор за време на ноќниот напад на Русија врз Украина. Министерството соопшти дека пронашло едно можно место на несреќата и дека спроведува дополнителни истраги, пренесува Ројтерс.