Момчиња се подготвувале да извршат терористички напад во Русија, уапсени во последен момент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Русија приведе четворица нејзини државјани, кои се осомничени дека подготвувале терористички напад со употреба на импровизирани експлозивни направи.

Уапсените, кои имаат 17 и 18 години, наводно планирале да извршат напади во Екатеринбург на места каде што се собираат голем број луѓе.

„Федералната служба за безбедност приведе четворица државјани на Русија, родени во 2007 и 2008 година, кои ги делат идеите за терористичка организација забранета во Русија и кои планирале да извршат терористички дејствија користејќи рачно изработени импровизирани експлозивни направи. Тие планирале да го направат тоа на места каде што голем број граѓани се собираат во Екатеринбург“, се вели во соопштението на ФСБ.

Во соопштението тие наведуваат дека двајцата уапсени се поврзани со палењето на полициско возило во регионот Свердловск.