МОН: Во тек се тестирања на платформата, се работи на нејзина оптимизација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
После информацијата дека Националната платформа за учење се соочи со проблеми уште во првиот ден од тестирањето, се огласија од Министерството за образование и наука. Од таму соопштуваат дека се вршат тестирања на платформата, и дека се работи на нејзина оптимизација.

„Министерството за образование  и  наука, информира дека течат тестирањата, на единствената Национална платформа преку којашто ќе се
одвива наставата од далечина од први октомври годинава.

Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. 

Со цел да обезбедиме потполно функционална
платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови.

Исто така, Министерството за образование и наука информира дека во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата.“