Министерот за внатреши работи на Србија, Братислав Гашиќ, се обрати на медиумите по повод убиството на 2-годишната Данка Илиќ.
Тој откри детали како се одвивал целиот тек на настаните.
„Мајката Ивана во 13:10 дошла со децата од Бор. Таа си играла и ги сликала. На мажот во 13:22 им пратила фотографии. Синот барал вода, а за неколку минути видела дека Данка ја нема. Во 13:51 викнала полиција, а полицијата стигнала осум минути подоцна. Во 18:57 е активиран системот „Пронајди ме“ – вели Гашиќ.
„Проверивме кога е фотографијата. Тоа ни беа важни податоци како информации колку детето било надвор од видикот на мајката. Мајката околу 13:50 видела бел автомобил и машко лице покрај возилото Фиат Панда, во кои биле осомничените. Тие рекле дека се на работна задача, да проверат шахтите. Подоцна е забележано дека сопреле кај капијата. Возилото во кое биле С.Ј. и Д.Д. било пред портата околу 2,5 минути, застанале затоа што им требало тоалет. Потоа тргнале, а 30-40 метри понатаму го удриле девојчето. Со автомобилот управувал Д.Д. а С.Ј. го префрлил телото на девојчето на задното седиште. Се договориле да го фрлат телото. Во 13:57 часот ги сопрел таткото на девојчето и ги прашал дали ја виделе Данка, тие му одговирле негативно. За монструозноста сведочи и тоа што е на повик на директорот, Д.Д. отишол да го бара девојчето, свесен дека тој ја усмртил. Секоја куќа беше проверена, секој подрум, дури и фрижидерите, не можевме да исклучиме и киднапирање, дека може да биде удрено со автомобил, и последната можност е дека е живо“, рече Гашиќ.
