Морачанин: И ние како ДОМ планираме да делуваме самостојно во Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маја Морачанин од ДОМ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, рече дека и тие планираат да дејствуваат самостојно во Собранието. Морачанин објасни зошто е тоа добро.

„Ние исто така сме со идеја самостојно да делуваме. Затоа што имате поголема видливост, може да побарате, поефикасно да си ги промовирате своите вредности. Но едно со други не е споилови“, рече Морачанин.

Таа напомена дека може да се формира и нова пратеничка група со малите партии, и тоа дава други привилегии.

Морачанин рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не разговарал со нив, по најавите дека разговарал со помалите партии.