Оградата на мостот е оштетена од сообраќајна несреќа, но од тогаш до сега не е санирана. Поради ваквата состојба на мостот лесно може да завршите во реката. Граѓаните велат дека се чувствуваат загрозени.
Пред еден месец од општината рекоа дека ќе ја поправат оградата, а истото го велат и сега.
Таму треба да се направи многу поголема интервенција бидејќи потпорниот ѕид е многу стар и треба да се работи од темел и да се поправи целиот дел, не само делот од мостот, секако дека општина Тетово е запознаена и одделот за внатрешни работи. Mногу брзо таму ќе се заврши работата, прашање на денови е. Секако, апелираме до граѓаните да возат повнимателно, особено ноќе, изјави Бесарта Рамадани, портпаролка на општината.
Инаку, индустриската улица е една од најфреквентните улици во градот.
