„Можеме“ бара гласови за економска еднаквост, Заев и Касами ветуваат зголемување на платите и реформи во судството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На последниот ден од изборната кампања, лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ја предводи коалицијата Можеме, беше во Битола каде повика да се гласа за број 3, бидејќи, според него, тоа е глас за безбедност и економски напредок.

Коалициониот партнер, Движење Беса кампањата синоќа ја затвори во Тетово, град каде лидерот на оваа партија, Биљал Касами е носител на листата на коалицијата.

Освен СДСМ и Беса, во рамки на коалицијата Можеме се и други 20 партии.