Северна Македонија е во Европа и треба да биде дел од Европската унија и заслужува целосна евроатлантска интеграција, порача амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела Агелер интервју за ТВ21. Сепак вели таа предизвиците што ги носи обврската за уставните измени треба да се исполни. Во изјавите на политичките партии на Албанците во земјава дека за нив првенствени се уставните измени а потоа формирањето Влада, Агелер вели дека тоа би можело да се случи веднаш по изборите.
„Сум слушнала неколку различни опции. Ќе видиме што ќе излезе по изборите“.
-Дали е тоа изводливо?
„Верувам. Постојат преседани. Немало со децении, но имало примери кога и технички влади носеле амандмани. Од искуство овде научив дека овде се е можно“.
Според Агелер иднината на државата ќе се реши на овие избори и таа ги повика граѓаните да ги слушаат ветувањата кои доаѓаат од партиите.
„Внимателно слушајте како ја опишуваат својата визија за иднината оти тоа им е важно на гласачите. Што ми кажуваат како ќе изгледа нашата иднина? На 8 мај ќе гласаат сите. Што ќе биде на 9 и 10 мај?“, порача Анџела Агелер.
Агелер секако зборуваше и за неизбежната тема со ставањето на функционери на црната листа, која како што рече во последните 9 месеци САД ставиле повеќе лица на оваа листа отколку целиот период претходно. Но во земјава иако постојано се зборува за високо ниво на корупција досега никој не одговарал. Агелер вели дека тие всушност се крадци за кои Обвинителството и судството досега требаше да преземат нешто, а не да ги остават да навлезат во сите општествени сектори и гранки во власта.
„Од оваа држава зависи што ќе се случи со нив овде. И од лидерите на Северна Македонија. Ако американските дипломати успеале да соберат информации и да дојдат до докази, тогаш сигурно, можат и истражителите, обвинителите и кој било од полицијата или судството во државава можат да ги најдат истите докази“, вели Анџела Агелер.
Но, за тоа зошто САД не ги споделува истите тие докази со надлежните во Македонија и на тој начин да и помогна на земјава во откривањето на случаите на висока корупција, Агелер рече дека тоа не го дозволуваат американските закони за приватност.
