Премиерот на Косово, Авдулах Хоти е гостин во Македонија. Тој имаше средба со Зоран Заев, после која одржаа прес-конференција.
На прашање на ТВ21 дали може да се очекува ново затворање на границите по растот на бројките на новозаразени во нашата земја, Хоти одговори:
„Ја следиме ситуацијата, и имаме тесна соработка со властите на Северна Македонија околу ситуацијата. Сега границите се отворени, меѓутоа сакам да потенцирам дека затворањето на границите не треба да се сфати како огрначувачки мерки, туку како мерки за заштита од коронавирусот“, одговори меѓудругото Хоти.
Целата изјава низ следното видео:
