Мундијалски ден број 4: Шок за Германија од Јапонија, Шпанија победи 7-0, триумф на Белгија и „реми“ на Хрватска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска се одиграа четири меча од Мундијалот во Катар, по два од групите Ф и Е, а веќе утре завршува првиот круг од Светското првенство.

Денеска се случи уште едно изненадување во Катар, откако Јапонија ја совлада фаворизираната Германија со пресврт со 1-2.

Германците откако поведоа со голот на Гундоган од пенал, во вториот дел за само осум минути со головите на Доан и на Асано успеаја Јапонците да слават голем триумф.

Во истата група Шпанија немаше милост кон Костарика, и ја победи со 7-0. Головите за Шпанците ги постигнаа Олмо, Асенсио, Феран Торес два пати, Гави, Солер и Мората.

Хрватска одигра блед натпревар и ремизираше без голови со Мароко. И Белгија беше бледа во дуелот со Канада, но на крајот успеа да слави триумф благодарение на голот на Батшуаи. Канаѓаните во 10. минута не реализираа и пенал преку Дејвис, а упатија дури 22 удари кон голот на противникот, од кои само три во рамките на голот, но на крајот беа поразени.