Муцунски на средба со амбасадорката на САД, Варнес: Задоволство од развојот на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете држави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска остварив средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„На средбата изразивме задоволство од развојот на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Разменивме мислења за актуелните меѓународни и регионални случувања, состојбите во рамки на НАТО и актуелните безбедносни предизвици, при што го потврдивме значењето на американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во Алијансата како важни фактори за стабилноста и безбедноста.

Во разговорите стана збор и за реформските процеси во државата, вклучително и реформите во правосудството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и реализацијата на инфраструктурните проекти.

Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и билатералните односи, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и зајакнување на партнерството во рамките на НАТО Алијансата“, напиша Муцунски.