МВР: Еден загинат и седум повредени во сообраќајка на три возила на патот Гостивар – Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска околу 15 часот и 30 минути во СВРТетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип “мерцедес”, патничко возило “бмв” и камионет.

Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад “за укажувањех на лекарска помош.

Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки, велат од МВР.