МВР ги казни Заев, Николовски и Филипче за неносење заштитни кациги

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски се казнети по 50 евра од страна на МВР поради неносење на кациги за време на управување со мотор.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена. Од возењето се појави аматерска снимка на социјалните мрежи.

Интересно е тоа што во прекршочните платни налози во графата каде што е изречена висината на казната, стои 50, но во заграда може да се види „во денарска противредност“.