МВР го бара Агим Исмаиловиќ обвинет во Монструм кој избега од судница откако се бараше притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

МВР трага по Агим Исмаиловиќ еден од обвинетите во случајот „Монструм“, потврдуваат за ТВ21 од МВР. Исмаиловиќ денеска беше во судница, а за него обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор.

„Известени сме од судот и преземаме мерки за пронаоѓање на лицето“, потенцираат од МВР.

Според сопствени извори, акцијата моментално се одвива само во Скопје.

Но, тој наместо да биде задржан во судница, додека биде донесена одлуката, тој го напушти судот и сега нема ниту трага ниту глас од него.

Фетаи бара притвор за обвинетите, бидејќи предметот е пред самиот крај.

По барањето на обвинителката реагираше адвокатот Насер Рауфи:

„Барањето е ирационално, намерата е крајно популистичка што и не е првпат. Јас сега ќе дадам предлог за изземање на обвинителката“.

На 31.10.2017 се укинаа пресудите на првостепените судови и предметот се врати на повторно одлучување и обвинетите со решение на Врховен од 01.12.2017 беа пуштени да се бранат од слобода и имаа алтернативни мерки, забрана за напуштање на Скопје и обврска повремено да се јавуваат во судот.