МВР: Интервенцијата на карневалот во Вевчани беше поради непочитување на мерките

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Почина познатата глумица Мира Фурлан

Познатата глумица Мира Фурлан, почина на 65. години, објавено е на нејзиниот профил на „Твитер“, а пренесоа голем дел...

Силен земјотрес утрово го погоди грчкиот остров Крит

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени, утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот бил со епицентар во морето,...

Семејството Бајден постави нови украси во Белата куќа по заминувањето на Доналд и Меланија

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, се чини, не само што ќе ја промени државната политика, туку веќе...

Љубов под карантин – Англичанец со помош на робот ја запроси девојката

И покрај новиот карантин, Англичанецот Бен Хоган успеа да ја запроси својата девојка, и тоа – со помош на...

„Дизни плус“ ќe ги репризира првите пет сезони од „Мапет шоу“

Стрим-платформата „Дизни плус“ од февруари ќе ги репризира првите, оригинални пет сезони од „Мапет шоуто“ oд 1970-тите. Како што се...

Традиционалниот карневал во Вевчани, се одржа денеска, но под силно полициско обезбедување. За да спречи групирања, беше присутна полицијата, а жителите се спротивставија и дојде до инцидент.

Повредени немаше, полицијата го обезбедуваше местото, а жителите беа незадоволни, и вербално ја нападнаа полицијата.

Од МВР велат дека интервенцијата била поради непочитување на мерките, односно непочитување на забраната за групирање на повеќе од четири лица.

„Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија. Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани“, велат од МВР.