МВР приведува лица за предизвикување пожари – ќе се соочат со казна затвор до осум години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

МВР во изминатите три дела лиши од слобода три лица поради основи за подметнување на пожар. Од таму апелираат граѓаните да внимаваат, а потстетуваат дека на сила е и забрана за движење низ шумите, а доколку не се почитува ќе им биде изречена казна од 1500 евра до 2000 евра. А доколку лице предизвика пожар намерно или од небрежност ќе се соочи со затворска казна до осум години.

„Од страна на полициски службеници при МВР во изминатите три дена лушени од слобода се три лица поради постоење основи на сомнение дека подметнале пожар. Утринава околу 6.15 часот на место викано Дабница, прилпеско во близина на споменикот, лишен е од слобода 34 годишниот М.Е од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар кај местото викано Дабница“, посочи Сузана Праниќ.

Таа додава дека МВР секојдневно ја следи состојбата на терен и со зајакнати мерки постапува во секоја ситуација.

„Во оваа прилика би сакала да упатам апел од името на МВР строго да се почитува забраната за движење во шумски предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови отпадоци меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња и други предмети изложени на сонце, бидејќи ако се подолго време изложени можат да предизвикаат пожар“, порача Сузана Праниќ.