На 23.04.2026 во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(42) од с.Ќојлија, скопско, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(40) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки, управувано од М.Д.Б.(38) од Романија.
Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на товарните возила М.Л. и А.Е., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобил и сопатникот од патничкото возило Р.И.(50), констатирани во Градската болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
