МВР со детали за убиството во Боговиње: Го усмртил со автоматска пушка – друго лице сокрило рамка од пушка со два куршуми!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.M.(51) од тетовско Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Н.А.(73) од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање на сторител по извршено кривично дело“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 02.06.2024 околу 10.15 часот пред угостителски објект во Боговиње, поради претходно меѓусебно нетрпение, првопријавениот со автоматска пушка испукал еден куршум кон А.Џ.(50) и го усмртил.

Набргу, М.М. бил пронајден и лишен од слобода и во неговото возило била пронајдена автоматската пушка со која го сторил делото.

Откако првопријавениот го извршил делото, второпријавениот Н.А. од домот на М.М. зел рамка од автоматска пушка со два куршуми и ги сокрил во неговата куќа.

Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.