На 58-годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 58 годишна возраст во Еквадор почина акторот Кирил Поп Христов, попознат како Кили, пренесе „СДК.МК“ повикувајќи се на близок пријател на семејството.

Поп Христов се пресели во Еквадор во 2014 година, и често доаѓаше во Скопје.

Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултет за драмски уметности. Од 1993 до заминувањето во Еквадор, работел во Македонскиот народен театар.

Поп Христов глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“.