На Антарктикот регистриран земјотрес со јачина до шест степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот институт за истражување на Арктикот и Антарктикот соопшти дека станицата  „Белингсхаузен“ регистрирал земјотрес со јачина од 4,7 до 6,0 степени со епицентар на оддалеченост од 40 до 50 километри од станицата и длабочина од 1,5 до 10 километри, пренесе агенцијата ТАСС.

Руските поларни станици во моментов вршат подготовки како дел од 66-та руска експедиција на Антарктикот.

„Белингсхаузен“ се наоѓа на островот Кинг Џорџ, најголемиот од Шетландските острови.

Станицата е отворена во 1968 година и е најсеверната руска станица на Антарктикот.