Најголемиот леден брег во светот е формиран на Антарктикот.
Европската вселенска агенција објави дека голема ледена плоча, скоро четири пати поголема од Њујорк, се одделила од замрзнатиот раб на Антарктикот во морето Ведел.
Ледениот брег, кој научниците го нарекле А-76, се простира на 4.320 километри квадратни, со должина 175 и ширина 25 километри.
Така ледениот брег, А-76 се сместува меѓу најголемите постоечки санти лед на планетата.
Периодичното одвојување на ледените плочи е дел од природниот циклус, но феноменот на побрзо распаѓање е поврзан со климатските промени и глобалното затоплување.
