Вчера на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, вчера починала 33-годишна пациентка. На социјалните мрежи биле споделувани информации дека на истата и биле пресечени цревата, наместо папочната врвка, но директорката Викторија Јовановска демантира.
Јовановска во изјава за „Слободен печат“, која ја извршила операцијата, вели дека не е вистина, затоа што се работи за родилка која дошла на операција поради огромен миом во мала карлица со рапиден раст во последните месеци.
– Воопшто не беше лесен случај, пациентата претходно била операрирана од пленоктомиа, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на Клиниката, изјави Јовановска.
