АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Од таму велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање околу 2 часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
