Пет прислушувани разговори се објавени денеска на Јутјуб, на кои наводно се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, како меѓудругото разговара со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, во врска со предметот со Здружението на возачи-Кичево, со кој се поврзан неговиот татко.
На една од снимките, објавени на Јутјуб каналот на ГолиТру, наводно, Милошоски му вели на Вангеловски дека од татко му добил информација за одлука на Врховен суд, која не е баш поволна. Предметот, според снимката, бил кај судијата Николчо Николовски, чиј број, според она што се слуша, Милошоски го добива од Вангеловски.
Милошоски, според тоа што може да се чуе на снимките, наводно, потоа се јавува и директно кај еден од судиите, кои го водат предметот, но и кај уште едно женско лице.
