На повидок два македонско-албански блока – стравува ли Заев од обединување на Мицкоски, Села и Гаши?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најавената соработка меѓу македонската и албанската опозиција би создала обединет опозициски фронт кој во иднина би се соочувал со власта.

Евентуалната соработка меѓу опозиционерите Мицкоски, Села И Гаши за локалните избори доаѓа во време кога власта постојано најавува дека на парламентарното мнозинство можат да му се приклучат и пратеници од редовите на опозицијата.

Пред повеќе од еден месец, соработката ја најави претседателот на Беса, Биљал Касами, но никако да стане реалност. Предводникот на коалицијата „Можеме“, премиерот Зоран Заев, смета дека опозициската соработка само би ја зголемила поддршката за власта.

Заев и денеска повтори дека сака соработка со сите во Собрание, но дека не е подготвен за проширена Влада, од која дел би била и опозицијата за справување со пандемијата. Првиот човек на Алијанса за Албанците, тврди дека не можат да бидат рамноправни во законодавниот дом, кога не се еднакви ниту во Влада кога станува збор и за економските мерки.

Идејата за формирање Влада за т.н. национален спас доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата недела, опозициските партии најавија нивно обединување за следните локални избори, со што не се исклучува можноста соработката да продолжи и понатаму.